Градоначалникот на Петриња, Даринко Думбовиќ, за Н1 изјави каква е моменталната состојба во хрватскиот град кој беше силно погоден од вчерашниот разорен земјотрес од 6,2 степени по Рихтер.
„Инсталациите се уништени од силниот земјотрес. Во еден дел имаме електрична енергија, а во другиот немаме. Во еден дел имаме вода, во другиот немаме. Сакаме да ја пуштиме во употреба комуналната инфраструктура што е можно поскоро. Очекувам вечерва или утре да биде пуштена во употреба. Мислам дека ќе навлеземе во нов проблем дека ќе мора многу повеќе да ги сервисираме луѓето со вода и други неопходни работи“, рече Думбовиќ.
„Она што го правиме денес, се обидуваме да ги затвориме сите дупки. Постојано наидуваме на нови проблеми кои се огромни. Секој еден покрив е уништен. Треба да видиме како да се погрижиме за уште неколку луѓе, како да им дадеме топол шатор”, додаде Думбовиќ.
Тој наведе дека потребни се 50 шатори и уште еднаш им се заблагодари на сите што помогнаа.
„Петриња и јас им благодариме на добрите луѓе, отворивме жиро-сметка“, рече тој и додаде дека сметките на граѓаните кои се блокирани треба да се одблокираат бидејќи можеби некој од странство сака да им исплати пари.
„Ова е борба за опстанок“, додаде градоначалникот на Петриња.