Утрински Весник
Македонија

Пендаровски разговараше со припадници на Армијата распоредени во меѓународни мировни мисии

Пендаровски разговараше со припадници на Армијата распоредени во меѓународни мировни мисии

Претседателот и Врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски денеска, преку видео-врска, разговараше со припадници на Армијата, распоредени во меѓународните мировни мисии „Одлучна поддршка“ во Авганистан, КФОР во Косово, Алтеа во Босна и Херцеговина, ЕУТМ-РЦА во Централноафриканската Република и УНИФИЛ во Либан.

„Во разговорот, припадниците на мисиите го информираа претседателот Пендаровски за начинот на извршување на нивните должности и за тековните активности. Сите поединечно истакнаа дека се во добро здравје, мотивирани и многу добро прифатени, како од командантите на мисиите, така и од нивните колеги од другите земји учеснички во мисиите“, соопштија од Кабинетот на Пендаровски.

Тој истакнал дека со професионалното извршување на своите задачи, нашите мировници даваат значаен придонес во колективниот систем за безбедност.

„Во разговорот претседателот и Врховен командант на вооружените сили, Пендаровски истакна дека 2020 година имаше историско значење за Армијата, со полноправното членство на Република Северна Македонија во НАТО, чин што е признание за сработеното во одбраната, вклучувајќи го и придонесот во меѓународните мировни операции во изминатите години“, се наведува во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Министерството за економија ја „спакува“ новогодишната кошничка

Владиката Тимотеј ќе биде погребан в четврток на Плаошник

СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот