Утрински Весник
Економија

Исплатени 11,5 милиони евра државна помош на 141 компанија

Објавен комплетниот список за финансиска помош од 6000 денари од Владата

Владата континуирано докажува дека е посветена на партнерски однос и поддршка на домашната економија и во време на светска криза предизвикана од Ковид – 19, преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции со 11,5 милиони евра, поддржани се 141 компанија, кои вработуваат околу 18.000 лица.

Како што, претходно годинава, на заедничка прес – конференција известија вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи и министерот за економија, Бектеши, оваа година беа потпишани нови 38 договори и 10 анекси на постоечки договори со компании за државна помош, според Законот за финансиска поддршка на инвестиции, со вкупен инвестициски циклус од 53,4 милиони евра. Кумулативно, од 2018 година до денес, по овој Закон се потпишани 245 договори со компании. Од нив до 15ти ноември 2020, до кога е и законскиот рок за аплицирање за исплата на државна помош за инвестициски циклуси направени во 2019, беа пристигнати 151 барање. Од нив, 141 компанија кои вработуваат околу 18.000 лица, ги исполнија условите согласно Законот и за истите беше исплатена финансиска поддршка од околу 11,5 милиони евра или 706.666.491 милиони денари.

„Од исклучителна важност за компаниите и стопанството е фактот што и во време на криза државата обезбеди доволно средства во буџетот за 100% исплата на побарувањата на компаниите за државна помош.Ова го потврдува партнерскиот однос и грижата на Владата на РСМ како и влогот во развојот и зголемувањето на конкурентноста на домашните компании како и зголемување на стандардот на живеење на граѓаните.

Законот за финансиска поддршка на инвестициите дава подеднаква можност за сите компании во земјата, независно од нивната големина или местоположба, како и дали се домашни или странски компании. Единствено важно е компаниите да прават инвестиции во нивниот развој и конкурентска предност, да покажуваат успех во нивното работење и да не го намалуваат бројот на вработени со текот на годините. Економскиот развој, унапредување на конкурентноста на компаниите на домашниот и меѓународните пазари и подигнување на животниот стандард на вработените, останува врвен приоритет на Владата. Во овој момент фокусирани сме кон амортизирање и намалување на штетите предизвикани од коронавирусот, сепак паралелно мораме да работиме и на подолгорочно планирање и да бидеме подготвени за брз раст и развој на економијата по стабилизирање на состојбата со коронавирусот, односно во пост-ковид периодот. Затоа е од исклучителна важност дека ова се финансиски средства кои компаниите ги вложуваат во инвестиции и развој како и стекнување конкурентска предност. Ова носи напредок и развој за нивните вработени, но во ова време на непредвидливост и светска криза, значи стабилност на нивните работни места и отворање на нови“, соопшти кабинетот на заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација со економски сектори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена

Годишен раст на зелените кредити од 7,4 % заклучно со септември 2024 година

Конференција „Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Северна Македонија“