Утрински Весник
Свет

Пожарникарите четири часа копаа и извлекоа девојка од под урнатините во Петриња

Пожарникарите четири часа копаа и извлекоа девојка од под урнатините во Петриња

По силните земјотреси што ја уништија Петриња во понеделникот и вторникот, сите расположливи служби се на терен – помагаат армијата, полицијата, пожарникарите, екипите на брзата помош.

Од пожарникарската станица пристигна вест дека била спроведена интервенција во која, за среќа, е спасен млад живот.

„Ајде да одиме повторно … Петриња ден трети. Поразен е само оној што ќе се откаже … Од оваа канцеларија извлековме жива девојка која беше покриена со цигли и бетон, и посакуваме многу среќа и брзо закрепнување! Ви благодарам многу за пораките за поддршка“, објави Јавната противпожарна станица на Град Новска на својот „Фејсбук“.

„Девојката ја спасивме во вторникот околу 17:30 часот, таа остана заробена во Градската администрација во Петриња. Пребројувајќи ги луѓето, откриле дека недостасува некој, и просторијата во која останала жената, па како најдобро да се опише – колку е голема вратата, толку тули има – сè беше затрупано. Не знам во каква состојба е во моментот, имаме полни раце работа“, изјави директорот и командант Златко Пјеш за „Јутарњи лист“.

Вработената останала сама во просторијата на вториот кат.

„Кога почнало да се тресе, некако успеала да се заштити со канцелариска фотелја и тоа ја спаси. Исто така ја надушкааа кучиња, некако успеавме да комуницираме со неа. Тогаш започна потешкиот дел, копањето, за да ја спасиме“, рече Пјеш.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Извор за иранските медиуми изјавил дека нема да има преговори додека САД не се повлечат од своите ставови

Северна Кореја со осуда на Самитот на НАТО поради зајакнување на воените блокови

Трамп издаде наредба армијата да го нападне Иран во случај на обид за атентат врз него