Утрински Весник
Свет

ЕУ и Велика Британија го потпишаа Договорот за трговија и соработка

ЕУ и Велика Британија го потпишаа Договорот за трговија и соработка

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во име на ЕУ го потпишаа Договорот за трговија и соработка со Велика Британија (Велика Британија и Северна Ирска), кој ќе стапи на сила на 1 јануари 2021 година.

„Тоа е фер и избалансиран договор кој целосно ги штити основните интереси на Европската Унија и создава стабилност и предвидливост за граѓаните и компаниите“, рече Мишел.

Во истата прилика, ЕУ го потпиша Договорот за безбедносни постапки при размена и заштита на доверливи информации со Велика Британија, како и Договорот за Атомската енергетска заедница.

По потпишувањето во Брисел, сите три документи, во два примерока, одат во Лондон, каде што ќе ги потпише британскиот премиер Борис Џонсон.

Договорот за трговија и соработка подразбира заеднички стандарди кога станува збор за работничките права, но исто така и многу социјални, еколошки и даночни обврски, како и фер конкуренција во областа на државната помош.

Велика Британија веќе нема да учествува во Европол или Европравда и ќе го изгуби пристапот до Шенгенскиот информативен систем.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Цените на европскиот гас нагло пораснаа на највисоко ниво од 2022 година

Калас: Русија сакаше да ја исплаши Европа со нападот на возот во близина на полската граница

Израелскиот министер за култура се закани дека ќе им го одземе државјанството на режисерите на филмот „НАЗА“ за Газа