Утрински Весник
Спорт

18 позитивни на коронавирус во Премиер лигата

18 позитивни на коронавирус во Премиер лигата

Последниот круг на тестирања на фудбалерите и членовите на стручните штабови открил 18 заразени од коронавирусот, соопштија од Премиер лигата.

Тестирањата биле извршени од 21 до 27 декември. Вкупно биле тестирани 1.479 фудбалери и членови на стручните штабови. 18 лица биле позитивни и сите биле испратени во изолација.

Поради коронавирусот, синоќа беше одложен натпреварот помеѓу Евертон и Манчестер сити. Тој дуел е втор, кој од почетокот на сезоната е одложен поради коронавирусот. Прв натпревар што го одложи опасниот вирус беше дуелот помеѓу Астон Вила и Њукасл.

Англичаните не ја исклучуваат можноста поради ситуацијата во Манчестер сити, да биде одложен и нивниот натпревар со Челси на 3 јануари, но и полуфиналето во Лига купот со Манчестер јунајтед на 6 јануари.

> 18 позитивни на коронавирус во Премиер лигата <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност