Утрински Весник
Македонија

Дрога пронајдена во ресторан кај Желино што работел до полноќ, затекнати и 73 гости и странски државјанки

Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при СВР Скопје во соработка со Државниот пазарен инспекторат, по претходно добиени сознанија, вчера непосредно пред полноќ извршил контрола во угостителски објект лоциран на регионалниот пат Тетово – село Желино и констатирале дека објектот работи спротивно на законот, односно мерките за справување со коронавирусот.

Како што информираат од МВР, при извршената контрола во објектот биле затекнати 94 лица од кои 73 гости, а биле затекнати и 17 државјанки на Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Молдавија.

Исто така, при извршената контрола пронајдена е марихуана и метадон при што лишени од слобода се две лица против кои ќе биде поднесена кривична пријава, исто како и против сопственикот на локалот.

Покрај тоа, изречени се и три санкции за неносење лична карта и лицата се приведени во СВР Тетово со цел утврдување на идентитет.

При контрола на локалот во посебно изработени рафтови со бројки биле пронајдени пари.

Од страна на Државниот пазарен инспекторат објектот е пломбиран и има забрана за вршење на дејност со времетраење од 30 дена.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Министерството за економија ја „спакува“ новогодишната кошничка

Владиката Тимотеј ќе биде погребан в четврток на Плаошник

СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот