Утрински Весник
Македонија

Филипче и Даниловски договорија соработка и формирање советодавно тело за ковид-19 од пензионирани доктори

Филипче и Даниловски договорија соработка и формирање советодавно тело за ковид-19 од пензионирани доктори

Министерот за здравство Венко Филипче денеска оствари средба со Драган Данаиловски на која му се заблагодари на досегашната соработка во надминувањето на пандемијата со ковид кризата и како што соопшти Министерството за здравство, било договорено да се формира неформално советодавно тело од професори во пензија од Медицинскиот факултет, со цел анализирање на тековните состојби во здравството.

„На крајот на оваа година сакам да му изразам посебна благодарност на професор д-р Драган Данаиловски за целиот придонес во ковид кризата досега. Тој исклучително стручно и конструктивно настапуваше во медиумите со што значително придонесе во информативната кампања. Покрај ова, неговите совети до мене и до целиот тим во однос на менаџментот и проекциите за развојот на пандемијата, беа од големо значење. Денеска на средбата се договоривме да се формира неформално советодавно тело од професори во пензија од Медицински факултет, со цел анализирање на тековните состојби во здравството. Верувам дека и понатаму ќе ја продолжиме соработката”, изјави Филипче.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Македон Димитровски примен во престижната програма за талентирани млади на „Џонс Хопкинс“

Апасиев ја објави отфрлената пријава за закана: „Да собираме пари за погреб на Апасиев”, „смрт”, „бензин и кибрит” за Обвинителството биле политички говор

Ѓорѓиевски откри: Три од четирите сензори на жичарницата на Водно не функционирале