Утрински Весник
Свет

Пленковиќ: Луѓето ќе ги тргнеме од Петриња, овде не е сигурно

Пленковиќ: Луѓето ќе ги тргнеме од Петриња, овде не е сигурно
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот и премиерот на Хрватска кои пристигнаа со цела делегација во Петриња пред медиумите изјавија дека сите служби кои ги има државата се ставени на располагање за разурнатиот град.

Двајцата велат дека градот ќе се обнови, а луѓето времено ќе се изнесат од таму, бидејќи таа локација не е сигурна.

„Сите се тука, војската е тука. Доаѓаат итните служби од Загреб. Војните хеликоптери се ангажирани. Ќе мораме да најдеме алтернативно сместување, ќе се донесат контејнери. Луѓето ќе ги тргнеме од Петриња, зошто овде не е сигурно, тоа е јасно како ден. Сите служби ги упативме тука. Ова е трагедија“, рече хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Претседателот Зоран Милановиќ вели дека емотивната штета е тоа кое не може да се надомести.

„Ќе бидат потребни многу пари, но ќе се најдат. Овој град ќе биде обновен, но емотивната и духовната штета не ќе може да се надомести. Луѓето се преплашени. Петриња ќе биде обновен, со пари од Европската Унија“, рече хрватскиот претседател кој бил во Загреб за време на земјотресот и видел како и таму луѓеto бегаат, иако, како што кажа, таму има посовремени градби.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп