Утрински Весник
Свет

Рама: Понудата на Русија да нè снабдува со вакцини е провокација

Рама: Понудата на Русија да нè снабдува со вакцини е провокација

Албанскиот премиер Еди Рама оцени дека понудата на Русија да ја дистрибуира вакцината против коронавирус „Спутник 5“ на Албанија е смешна провокација.

Тој така реагираше на понудата на руската амбасада во Тирана, која во понеделникот преку директорот за медиуми на Рама рече дека Русија е подготвена да разговара со Албанија за вакцината „Спутник 5“, пренесува порталот „Албанија дејли њуз“.

Рама мислел дека се работи за шега затоа што, како што вели, несоодветно е сериозна држава така да провоцира, пренесува порталот „Албанија дејли њуз“.

„Кога велам провокација, на тоа не претходи никаков демарш кон Русија, но ова е смешна провокација за сериозна земја како Русија. Амбасадата во Тирана не може да се однесува како да е дел од комедијата ’Портокали’ или натпреварувач во неа“, рече Рама.

Тој повтори дека Албанија разговара со три сериозни производители на вакцини – Фајзер, Модерна и Астра зенека, со кои е поврзана и ЕУ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Осум скијачи најдени мртви по лавина во Калифорнија

Четири Јеховини сведоци осудени во Русија поради екстремизам

Нетанјаху му нареди на Израел да се подготви за војна со Иран