Утрински Весник
Свет

Во САД досега се вакцинирани 1,9 милиони луѓе против коронавирус

(Видео) Првата пратка од вакцината на „Фајзер“ стигна во Србија

Во САД досега се вакцинирани 1,9 милиони луѓе против коронавирус, а денеска во Вашингтон новата потпретседателка на САД, Камала Харис, и нејзиниот сопруг Даглас Емхоф ќе ја примат вакцината во живо, точно една недела откако новоизбраниот претседател, Џо Бајден, ја доби првата доза од вакината на „Фајзер“.

Вакцинацијата на медицинските работници е во тек низ цела Америка.

Главниот американски епидемиолог, Ентони Фаучи, процени дека Америка е во „критичен момент“ во борбата против коронавирусот, бидејќи бројот на пациенти во САД расте.

Фаучи, кој ја прими вакцината минатата недела, за Си-Ен-Ен изјави дека е многу тешко луѓето да не се гледаат за време на празниците и дека тоа ќе предизвика нов бран на епидемијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

(Видео) Огромно свлечиште затрупа згради во Кина, луѓе заробени под урнатините

Врховната рада го избра Сергиј Корецки за нов премиер на Украина

Северна Кореја и Кина најавија продлабочување на соработката поради глобалните тензии