Утрински Весник
Магазин

Ема Робертс роди син

Ема Робертс официјално е мајка! Актерката го роди своето прво дете со своето момче Гарет Хедлунд.

Робертс се породила во неделата во Лос Анџелес, пренесува „Ентертејнмент тунајт“.

Веста дека 29-годишната Робертс е бремена одекна во таблоидите во јуни, но таа ја потврди својата бременост дури два месеци подоцна. Во август на својот Инстаграм објави фотографија на која се гледа трудничкиот стомак и откри дека таа и Хедлунд чекаат машко бебе.

Ѕвездата на серијалот „Американска хорор приказна“ и нејзиниот 36-годишен партнер, актерот Гарет Хедлунд, се во врска од март 2019 година, кога беа забележани заедно непосредно откако таа ја прекина свршувачката со Еван Питерс.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста