Утрински Весник
Свет

Кинескиот тајкун кој го создаде гејмерскиот хит „Игра на тронови“ бил отруен

Кинескиот тајкун кој го создаде гејмерскиот хит „Игра на тронови“ бил отруен
Dik 300x250 mk

Кинески тајкун кој почина на Божиќ е отруен, соопшти полицијата во Шангај. 39-годишниот Лин Чи беше претседател и извршен директор на компанијата за развој на видео игри Yoozooо, позната по стратешката игра „Игра на тронови: Зимата доаѓа“.

Во изјавата, полицијата во Шангај посочи еден од колегите на Лин како главен осомничен.Компанијата соопшти дека Лин отишол во болница затоа што се чувствувал лошо, но дека е во стабилна состојба.Но се случи драматичен пресврт во петокот, кога компанијата објави дека нејзиниот основач починал.Според извештаите на локалните медиуми, Ксу Јао, кој е на чело на филмската продукција во компанијата, може да биде во притвор.Според тврдењата на локалните медиуми, се тврди дека Лин наводно решил да ја намали платата на Ксу со цел да го присили да ја напушти земјата. Исто така, се шпекулира во локалните медиуми дека Лин е отруен со кинески ферментиран пијалок.

Се смета дека Лин има богатство од околу 6,8 милијарди јуани (околу милијарда евра), според ранг-листата на богаташи во Кина. Многу вработени и поранешни вработени се собраа пред канцеларијата на компанијата како знам на жалост за неговата смрт.

Лин Чи беше ѕвезда на профитабилниот кинески пазар на видео игри, а влезе и во светот на филмската продукција.Тој го основаше Yoozoo во 2009 година и успешно ја водеше компанијата низ период кога индустријата за видео игри претрпе значителни промени и пресврт кон игри на мобилната телефонија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ОН доставија над 24.000 тони хуманитарна помош во Газа од почетокот на прекинот на огнот

Мерц и Ердоган со спротивставени ставови за војната во Газа

Над 130 убиени лица во полициска акција во Бразил