Гледано наназад, 2020 година беше креативно еднакво исполнета и за недоволно експонираните филмаџии, но беше прилично вообичаена во телевизиска смисла. Стриминг-индустријата забележа добро документиран бум оваа година. Додека повеќето луѓе беа затворени во своите домови, стримерите го искористија опкружувањето на вистински капиталистички начини, коментираат медиумите.
Queen’s Gambit или „Дамски гамбит“ е секако меѓу првите на листата на топ 10 серии за изминатава година. Ова е вид на престижна драма каква што „Нетфликс“ треба почесто да продуцира – серија што може да привлече и публика и воодушевување.
Од творецот Скот Френк, „Дамскиот гамбит“ не е толку приказна за шахот, колку што е приказна за љубезноста, за тоа како човечките суштества можат да станат нешто посебно доколку се во вистинско опкружување, и како, понекогаш, дури и најталентираните не успеваат заради суровоста на другите.
Базирана на истоимен роман од 1983 година, драмата на „Нетфликс“ ја следи приказната за необично шаховско чудо во ерата на Студената војна.
Ѕвездата на драмата, Ања Тејлор-Џој, совршено одговара во изведбата како проблематична генијалка Бет Хармон. Младата актерка блеска во улогата на сираче, а потоа млада девојка која храбро зачекорува во светот на шахот во кој доминираат мажите, и успева да ги победи и најдобрите.
Медиумите цитираат филмските критичари, нарекувајќи ја женска верзија на Боби Фишер.
Мини-серијата, исто како и романот, насловот го доби по еден шаховски потег, односно отворање со пиони, познат како дамски гамбит.