Утрински Весник
Свет

Четврти бран во Хонгконг, коронавирусот влезе во болница со 7.000 вработени

Четврти бран во Хонгконг, коронавирусот влезе во болница со 7.000 вработени

Хонгконг, соочен со четвртиот бран на Ковид-19, се обидува да го спречи ширењето на вирусот, откако една болница стана жариште на инфекцијата.

Во карантин се меѓу 60 и 70 медицински работници во болницата во населбата Квун Тонг во Хонгконг, кои биле во близок контакт на заболен пациент, а од 6.000 до 7.000 вработени во таа здравствена установа треба да бидат тестирани, објавија локалните медиуми.

Пациент кој бил позитивен на Ковид-19 заразил уште седум лица, зголемувајќи го бројот на заразени од тој кластер на 19, наведува СЦМП.

Властите во Хонгконг исто така ги зајакнаа контролите врз замрзната храна за да спречат ширење на вирусот Ковид-19, бидејќи властите во Кина тврдат дека го пронашле вирусот на амбалажа на увезена храна.

Здравствените власти во Хонгконг неодамна го продолжија времетраењето на задолжителниот карантин во хотел од 14 на 21 ден по пристигнувањето во градот, а во сила се мерките за социјално дистанцирање кои вклучуваат, меѓу другото, забрана за собирање повеќе од две лица и јадење во ресторани по 18 часот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Предупредување за цунами издадено по два силни земјотреси крај источниот брег на Камчатка

Лондонската полиција приведе 55 лица на митингот на забранетата организација „Палестинска акција“

Бројот на жртви во поплавите во Јужна Кореја се искачи на 14, 12 се водат како исчезнати