Утрински Весник
Македонија

Казна од 20.000 евра за фабриката „Пејпер Мил“ предложи Инспекторатот за животна средина

Казна од 20.000 евра за фабриката „Пејпер Мил“ предложи Инспекторатот за животна средина

Државниот инспекторат за животна средина предложи казна од 20.000 евра за фабриката за хартија „Пејпер Мил“ од Кочани, откако не дале резултати промените во процесот и опремата на фабриката.

„Од првиот вонреден надзор над инсталацијата на 4.11.2020 година, направени се две мерења (на 13.11.2020 и 2.12.2020) и два пати е констатирано надминување на дозволените вредности.
Промените во процесот и опремата што во меѓувреме ги правеше инвеститорот не дадоа резултат. Предложена е казна од 20.000 евра, со решение е наредено да се врши редовно мерење на емисиите, а „Пејпер Мил“ се обврза да инвестира во вреќаст филтер поради повеќекратно намалување на емисиите.

Наредното мерење на емисиите е на 30  декември. Доколку со ова мерење се докаже надминување на граничните вредности, ќе се нареди инсталацијата да престане да го користи котелот на пелети и да премине на плин. Во спротивно ќе се забрани работењето, сè до обезбедување на филтерот и водење на процесот на начин на кој нема да се загадува Кочани. Нема компромис во битката за чиста животна средина“, соопшти инспекторатот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во Собранието пратенички прашања – 24info.mk

Претседателката Сиљановска Давкова во официјална посета на Црна Гора

Владиката Тимотеј денеска ќе биде погребан на Плаошник во Охрид