Утрински Весник
Свет

Првиот човек на СЗО со порака: Ова нема да биде последна пандемија

Првиот човек на СЗО со порака: Ова нема да биде последна пандемија

Пандемијата предизвикана од новиот коронавирус нема да биде последна пандемија, а епидемиите се факт на животот, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Тој преку видео порака истакна дека светот мора да учи од Ковид-19 и дека позанимава со блиските врски меѓу здравјето на луѓето, животните и планетата.

„ Предолго светот оперираше во циклусот на паника и занемеравувања Фрламе пари на една епидемија и кога таа ќе заврши, забораваме на неа и не правиме ништо да спречиме следна“ предупреди тој.

Тедрос вели дека секоја земја треба да инвестира во она залихи за заштита: можност за избегнување, отркивање и ублажување на сите видови итни случаи.

Предупредувањето од шефот на СЗО следи кога првите дози на вакцините на „Фајзер-БионТех“ против коронавирус стигнаа во земјите на Европската Унија, а првите случаи на вакцинација се објавени во саботата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во Белгија прогласен „портокалов аларм“ за опасност од респираторни инфекции

Еквадор испраќа 10.000 војници против банди за трговија со дрога

Поднесен предлог до Парламентот за повлекување на Франција од НАТО