Утрински Весник
Македонија

Возете внимателно – магла на повеќе патни правци

Возете внимателно – магла на повеќе патни правци

Поради појава на магла намалена видливост од 100 -150м. има на патниот правец Куманово – Скопје, од 30 – 40м. на патните правци Скопје – Тетово и Тетово – Попова Шапка, од 20 – 30м. на патниот правец Велес – Катланово, до 50м. на патниот правец Штип – Велес, до 100м. на патните правци Куманово – Св.Николе и Неготино – Градско и од 50 – 100м. на патните правци Неготино – Д.Капија и Д.Капија – Удово.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Две години условна казна за лекарка од Онкологија поради несовесно лекување

Мега Парк или Мега депонија? – Децата во Ново Село играат врз еколошка бомба

ЦУК: Од вкупно 34 пожари на отворено, два сè уште се активни, а четири се под контрола