Утрински Весник
Свет

Грчкиот државен врв јавно се вакцинираше против коронавирус

Грчкиот државен врв јавно се вакцинираше против коронавирус

Грчката претседателка Катерина Сакеларопулу и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис се првите политичари во Грција што ја прими вакцината на Фајзер/БиоНТек за Ковид-19, јави грчкиот весник „Катимерини“.

„Овој Божиќ, науката ни го даде најголемиот подарок“, рече Сакеларопулу по нејзината вакцинација нешто по 14 часот.

Таа е првата од 45 државни службеници која ја прими вакцината против коронавирисот.

Премиерот Киријакос Мицотакис беше вакциниран околу половина час подоцна, во болница во западна Атина.

„Ова е одличен ден за науката и за ЕУ, која истовремено ја дистрибуираше вакцината до сите членки. Ние се вакцинираме први за да покажеме дека вакцината е безбедна. Нашата цел е да го вакцинираме најголемиот дел од Грците. Се надеваме дека, со текот на времето, дури и оние наши сограѓани кои имаат недоверба кон вакцината ќе бидат убедени дека тоа е вистинскиот начин“, рече Мицотакис пред новинарите по вакцинирањето.

Неколку минути пред 15 часот и претседателот на парламентот Константин Тасулас беше вакциниран, во болницата „Евангелизмос“.

Целиот процес на вакцинирање во живо беше пренесуван на грчките телевизии.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад