Утрински Весник
Магазин

„Новогодишна Зоо Бајка“ утре во Скопје Зоо

„Новогодишна Зоо Бајка“ утре во Скопје Зоо

Традиционално, трета година по ред во Зоолошката градина во Скопје се одржува настанот „Новогодишна Зоо Бајка“.

Во пресрет на Нова Година, најмалите ќе имаат можност да уживаат во детска претстава, а потоа и доаѓање на Дедо Мраз со волшебното вовче.  Сите деца ќе добијат подароци и пакетчиња, а влезот за настанот е 80 денари.

Настанот ќе биде по сите здравствени протоколи, безбеден за сите и на отворено. Носењето маска е задолжително.

Поради временските неприлики, „Новогодишна Зоо Бајка“ наместо на првично најавениот датум 27.12, се префрла за 28.12 ( понеделник), со почеток во 13:30.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Принцот Хари откри дека паднал во депресија по преселбата во Канада – Не можев да функционирам, бев целосно исцрпен

Беше мис на Албанија, сега е спортска новинарка: 21-годишната Франческа ги запали социјалните мрежи

Туркије ја зајакнува заштитата на културното наследство: Дронови ќе ги надгледуваат Сардис и Бин Тепе