Утрински Весник
Спорт

Вонземјанин! Стеф Кари даде 105 тројки без утка!

Вонземјанин! Стеф Кари даде 105 тројки без утка!

Повредите кои го мачеа во последно време можеби ги натераа НБА фановите да заборават каков кошаркар е Стеф Кари, но ѕвездата на Голден Стејт вориорс како да сакаше да ги потсети со неверојатното . кое го сподели тимот од тренинг на Кари, во кој тој постигнува 105 тројки без промашување, односно шутира повеќе од пет минути пред да згреши!

Двократниот МВП на НБА лигата, останува рекордер со најмногу тројки во една сезона (402), но минатата сезона одигра само пет меча поради повреда.

Вориорс на снимка ги имаат „само“ последните 103 тројки, кои ги брои неговиот долгогодишен асистент Брус Фрејзер, додека тренерот Стив Кер слушна за подвигот подоцна.

„Мислам дека претходниот рекорд беше 77. Тоа е навистина лудо. Не знам дали уште постои Гинисовата книга на рекорди, која ми беше омилена кога растев. Имаме . да го докажеме тоа“, вели Кер.

> Вонземјанин! Стеф Кари даде 105 тројки без утка! <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Вардар ја пречекува Висла во обид да дојде до првите бодови сезонава во ЛШ

Ајкула, заробена во крајбрежен парк во Јужна Кореја, не сака да си замине, стана вистинска туристичка сензација

Ѓоковиќ ја продолжува серијата – без пораз ја освои титулата во Пекинг