Утрински Весник
Свет

(Видео) Ова не е последна пандемија, вели првиот човек на СЗО

СЗО: Се надеваме дека пандемијата ќе помине за две години

Додека сите чекаат крај на пандемијата што ги промени нашите животи, од Светската здравствена организација (СЗО) порачуваат светот да биде подготвен за следната.

Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус предупреди дека пандемијата на коронавирус не е последна пандемија и дека земјите треба да инвестираат во јавното здравство за да бидат подготвени за идните здравствени кризи.

„Историјата нè учи дека ова нема да биде последна пандемија, а епидемиите се факт на животот“, рече Тедрос во видеото по повод првиот Меѓународен ден на подготовка на епидемии.

Тој нагласи дека поголемите инвестиции во јавното здравство, со поддршка на владите и општеството, можат да „осигурат дека нашите деца и нивните деца ќе наследат побезбеден, поотпорен и поодржлив свет“.

„Сите треба да научиме лекција од пандемијата, која ја нагласи важноста на блиските врски помеѓу здравјето на луѓето, животните и планетата, што бара заеднички пристап“, порача првиот човек на СЗО.

Посочи и дека коронавирусот „го свртел светот наопаку“ во изминатата година и оставил далекусежни последици за економијата и општеството. Но, самата пандемија не е изненадување, рече Тедрос, додавајќи дека со години предупредуваат за таква можност и неподготвеноста на светот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик

Повеќе од 900 загинати и над 50.000 исчезнати во Венецуела