Утрински Весник
Свет

12-годишни деца ќе одат во затвор во Кина

12-годишни деца ќе одат во затвор во Кина

Кина ја намали долната старосна граница за кривична одговорност на 12 години за тешки злосторства, како што се убиство или нанесување повреди што доведуваат до смрт или инвалидитет.

Оваа промена на законот беше усвоена денес од Постојаниот комитет на Националниот народен конгрес по третата промена на текстот.

Забраната ќе стапи на сила на 1 март, пишува „Чајна дејли“, пренесува „Ројтерс“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Нови масовни протести во Франција

Протести во над 30 града во Португалија поради станбената криза

Зеленски: Ни понудија членство во НАТО, ако се откажеме од Донбас