Утрински Весник
Македонија

(Видео) Во Чаир започна изградбата на најголемата градинка во државата

(Видео) Во Чаир започна изградбата на најголемата градинка во државата

Од денес во Чаир започна изградбата на најголемата детска градинка во државата, чин на кој присуствуваше и министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

„Градинката ‘Бамби’ ќе има капацитет за 350 деца кои ќе бидат сместени во 21 занимална, поделени во три групи“, истакна Шахпаска.

Министерката подвлече дека новиот објект за згрижување на деца, претставува најголем во државата и Министерството за труд и социјална политика учествува со 121 милион денари.

Таа го потенцираше раниот детски развој како многу значаен дел од воспитувањето и грижата за најмладите, затоа што, како што рече, тоа е основата за нивна изградба во личности понатаму.

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганију ја потенцираше важноста на новиот објект за згрижување на деца, пред се од аспект на воспитно-образовниот процес.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трагедија во Тафталиџе: Детето тропало по врати и барало помош

Марта Гусар: Системот не лебди над нас – конкретни луѓе се одговорни за пропустите

Гусар: Мажите жртви на насилство молчат од срам, институциите ги исмеваат наместо да ги заштитат