Утрински Весник
Свет

Претставничка на СЗО: Најновата мутација на Ковид-19 е незначителна

Претставничка на СЗО: Најновата мутација на Ковид-19 е незначителна

Најновата мутација на коронавирусот во Англија е незначителна и не влијае на ефикасноста на вакцината, изјави денес Мелита Вујновиќ, претставничка на СЗО во Русија.

„До денес мутациите на Ковид-19 беа во голема мера незначителни и досегашните промени не влијаеја на дијагностичките алатки, медицинската подготовка и вакцините што се развиени“, рече таа за ТАСС.

Според нејзиното мислење, СЗО препорачува да се продолжи како порано, а тоа е со следење на контактите, одржување социјална дистанца, миење раце и носење маски.

„СЗО им препорачува на сите земји да го следат Ковид-19 и да разменуваат информации, како што е откривањето мутација, што може да предизвика загриженост“, рече таа.

Министерот на Велика Британија, Мет Хенкок, на 14 декември изјави дека британските научници откриле нов, позаразен вид коронавирус, кој е поизразен на југоистокот на Англија, а пет дена подоцна, премиерот Борис Џонсон изјави дека новиот вид може да биде 70 проценти позаразен од претходните видови.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Генерален штрајк во Италија, големи прекини во сообраќајот

Повеќе од 30.000 луѓе се евакуирани поради поплави во јужна Кина

„Ер Индија“ предупредена поради непроверена опрема за итни случаи, конкретно тобогани за спасување