Масакрoт на диви животни се случи во Португалија, кога во ловната зона беа убиени повеќе од 500 елени и диви свињи.
Министерот за животна средина Жоао Фернандез изјави дека делото на 16 шпански ловци е ужасно злосторство против природата, кое треба да се процесуира пред законот, објави „Би-би-си“.
Woede in #Portugal nadat meer dan 500 herten en wilde zwijnen zijn afgeslacht door 16 Spaanse jagers, die die vervolgens de karkassen op een rij hebben gezet om ermee te poseren voor macabere foto’s #Azambuja #MerryChristmashttps://t.co/1K01g4O9qv
— Esther Willemsen (@2tongig) December 25, 2020
Фотографиите од убиените животни масовно се шират на социјалните мрежи.
Ловот е дозволен во Португалија, но не на овој начин и до оваа мера, така што е е истребен најголемиот дел од популацијата на елени во туристичката зона на лов Торбела, која е 40-ина километри оддалечена од Лисабон.