Утрински Весник
Македонија

Автомобил прегази две деца во Охрид

Автомобил прегази две деца во Охрид

Осумнаесетгодишник и малолетник од Охрид се тешко повредени откако синоќа на булеварот „Железничка“ во Охрид, автомобил „бмв“ удрил во нив.

„ Е.Н.(45) од село Лабуништа, струшко, управувајќи патничко моторно возило „Бмв“ со струшки регистарски ознаки удрил во И.У.(18) и малолетник од Охрид.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил И.У. кој е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје. На малолетникот му е укажана лекарска помош во болницата “Св. Еразмо” во Охрид. За настанот е известен јавен обвинител и извршен е увид на местото на настанот“ соопшти МВР.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Велковски: На граѓаните ќе им се овозможи да докупат до две години стаж за пензија

Маж од Кратово со нож прободел полицаец

Уапсени 18 возачи за „безобѕирно управување возило“, 17 возеле без возачка дозвола и еден под дејство на алкохол