Утрински Весник
Магазин

Кодак Блек донира 20.000 долари за божиќни играчки среде затворска казна

Кодак Блек донира 20.000 долари за божиќни играчки среде затворска казна

Американскиот рапер Кодак Блек донираше 20.000 долари во добротворна акција за собирање играчки или пари за децата во неговиот роден округ Бровард, Флорида.

Брадфорд Коен, адвокат на Блек, за „ТМЗ“ изјави дека 23-годишниот рапер советувал кои играчки да се набават и како да им се презентираат на младите приматели.

Раперот, кој останува во притвор во федералниот затвор во Мајами, поделил комплети подарок-картички во вредност од 50 до 100 долари за повеќе од 100 деца од 60 семејства во локалните згрижувачки домови, кои дојдоа да ги земат подароците во канцеларијата на адвокатот.

Кодак Блек, чие вистинско име е Бил Капри, платил и за пица-забава за децата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Пет хороскопски знаци со најголеми шанси за голема љубов во 2026 година

Совети и трикови како да си го олесните првиот триместар од бременоста

Две навики кои може да го спасат вашиот брак по 40-тите години