Утрински Весник
Македонија

Царовска: Со новата концепција децата од најрана возраст ќе учат зa мултикултурализам и граѓански вредности

Царовска: Со новата концепција децата од најрана возраст ќе учат зa мултикултурализам и граѓански вредности

Министерката за образование и наука Мила Царовска, денес имаше работен состанок со директорот на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, Милутин Станчиќ.

На состанокот Царовска и Станчиќ разговараа за новата концепција за основно образование со која се обезбедува инклузивност, мултикултурализам и толеранција. Еден сегмент од концепцијата е низ образовниот процес децата од најрана возраст да ги научат вистинските граѓански вредности, да ги почитуваат различностите и да градат едно општество за сите.

Управата како орган на државната во состав на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците се грижи за: потполна примена и реализација на уставните и законските права на припадниците на заедниците во сите степени на образовниот систем, развојот и унапредувањето на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, промовирање на принципите на мултиетничност, кохезија и заедништво меѓу учениците преку поттикнување за изучување на јазикот и културата на Бошњаците, Власите, Србите, Турците и Ромите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Автомобил паднал во река во Гостиварско Беловиште – се извлекувале луѓе

НАЈАВА: Од понеделник (7.10.2024) стартува задоцнетото “Мини Лето”!

Денеска променливо облачно со повремени врнежи од дожд, од утре следат промени