Утрински Весник
Спорт

Милан успеа да ги врати своите навивачи со рекордна 2020

Милан успеа да ги врати своите навивачи со рекордна 2020

Навивачите на големите клубови секогаш е тешко да се задоволат. Сезона-две, па и повеќе без трофеи или Лига на шампиони и веднаш почнуваат навредите, транспарентите, критиките на социјалните мрежи… Но, кога работите одат добро, тие бргу се враќаат на својот тим.

Ова најдобро го покажаа Милан кои вчера беа испратени со факли од своите фанови на „Сан Сиро“ пред мечот со Лацио, а по драматичната 3:2 победа остварена во последните минути од мечот, Стефано Пиоли и неговите играчи прославуваа под „Курва“, преправајќи се дека навивачите се таму.

„Росонерите“ доминираа во календарската 2020, освојувајќи 79 поени во 35 натпревари, форма која беше забележана од навивачите, на кои полека им се враќа вербата дека клубот може да се врати на славните денови, ако не оваа сезона, тогаш во блиска иднина. Милан се лидери во Серија А со 34 поени, пред градскиот ривал Интер, а мечевите ги продолжуваат на 3 јануари против Беневенто.

> Милан успеа да ги врати своите навивачи со рекордна 2020 <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Канатларовски: Секој повик во репрезентацијата сам по себе претставува голем мотив

Манев: Не потценуваме никого, но и ние ја гледаме нашата шанса

Македонските фудбалери го одработија првиот тренинг пред дуелите во Лигата на Нации