Утрински Весник
Магазин

Том Хенкс плачел зад камерата за да ѝ помогне на 12-годишната актерка да покаже емоции

Том Хенкс плачел зад камерата за да ѝ помогне на 12-годишната актерка да покаже емоции

Детската ѕвезда Хелена Зенгел, која се појавува заедно со холивудската легенда Том Хенкс во претстојниот филм News of The World, вели дека тој плачел за секоја сцена во која неа ја снимале одблиску, обидувајќи се да ѝ помогне да покаже емоции на екранот.

Во разговор со „Холивуд репортер“ пред утрешната Божиќна премиера на филмот, 12-годишната актерка открива дека актерот од А-листата се трудел да ја натера да го појача својот перформанс.

„Тој буквално плачеше во секоја сцена, иако не беше во кадар – тоа го правеше кога јас бев во крупен план“, рече Зенгел, која ја игра Џоана Леонбергер заедно со капетанот Џеферсон Кајли Кид (Хенкс) во авантуристичката вестерн драма.

Приказната на филмот следи еден ветеран од граѓанската војна, капетан Џеферсон, кој ја носи Џоана кај нејзините вујна и вујко. Тие патуваат стотици милји и се соочуваат со големи опасности додека го бараат местото што едвај може да се нарече дом.

Дејствието се одвива по граѓанската војна во САД, а сторијата се фокусира на нивното епско патување низ поделената Америка. Во меѓувреме, тој чита вести во мали градови.

Хелена Зенгел, која почнала да глуми на возраст од пет години, е полна со пофалби за оскаровецот Хенкс (64) за неговата пожртвуваност како колега во филмот и желбата да ѝ помогне да биде подобра на екранот.

Детската ѕвезда, која е родена во Германија, додаде: „Да го правите тоа одново и одново за вашиот партнер дури и кога не се гледате себеси во филмот, беше навистина неверојатно и прекрасно.“

 

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста