Утрински Весник
Свет

Во Нигерија се истражува можна појава на трет вид коронавирус

Во Нигерија се истражува можна појава на трет вид коронавирус

Нова, трета варијанта, на коронавирусот се чини дека се појави во Нигерија, изјави денеска шефот на африканските центри за контрола и превенција на болестите, Џон Нкенгасонг.

Тој додаде дека за тоа е потребно да се спроведе дополнителна истрага.

Според првичните податоци, станува збор за поинаква варијанта во споредба со оние во Велика Британија и Јужна Африка, изјави Нкенгасонг пред новинарите, а пренесе АП.

Тој посочи дека нигерискиот центар за контрола на болестите и африканскиот центар ќе анализираат одреден број примероци.

„Дајте ни време… Сè уште е многу рано“, рече африканскиот експерт.

„Предупредувањето за постоење наводна нова варијанта на коронавирусот се заснова на две или три генетски секвенции“, додаде тој.

Африканскиот континент сега има повеќе од 2,5 милиона потврдени случаи на коронавирус, или 3,3 проценти од случаите на глобално ниво.

Инфекциите во континентот се зголемија 10,9 проценти во последните четири недели, рече Нкенгасонг, вклучувајќи го растот од 52 процента во Нигерија и 40 проценти во Јужна Африка.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Најмалку 20 загинати, меѓу кои и деца, во израелски воздушен напад врз училиште во Газа, претворено во прибежиште

Еден од најкрвавите напади врз Израел за една година, 4 војници загинаа, 60 се ранети

Најмалку 23 луѓе загинаа при воздушен напад врз пазар во Хартум