Утрински Весник
Свет

Пекарница во Австрија воведе забрана за работа без корона-тест

Пекарница во Австрија воведе забрана за работа без корона-тест

Пекарницата „Фелбер“ е првата компанија во Австрија која воведе забрана за работа за работници кои немаат корона-тест.

Компанијата донесе одлука врз основа на одлуката на австриската влада дека само оние кои ќе бидат тестирани за време на масовното тестирање викендот пред 18 јануари, кога се очекува да биде попуштен карантинот, ќе можат да излезат од изолација, додека другите ке мора да останат затворени уште една недела.

Од 26 декември Австрија го спроведува третото затворање, кое трае до 18 јануари, кога покрај самопослугите и аптеките што не престанаа да работат, ќе можат да ги отворат и сите други продавници, но во нив, како и во угостителските објекти, ќе можат да одат само оние кои биле тестирани.

По тој повод, синџирот пекарници „Фелбер“ испрати писмо до своите вработени во кое се наведува дека тие мора да бидат тестирани до 18 јануари.

„До 18 јануари морате на работа да донесете негативен тест за коронавирус, не постар од една недела. Не можете да работите без негативен тест“, се вели во пораката.

Ако некој од вработените го одбие тестот, тогаш ќе мора да работи со маската FFP2 на лицето или да паузираат.

Експертите за работно право посочуваат дека во екстремни случаи, компанијата може да одбие да ја исплати платата или дури и да го прекине работниот однос.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата

Русија упати предупредување до Јужна Кореја: „Воздржете се од непромислени чекори“