Утрински Весник
Свет

Трамп стави вето на воениот буџет: „Ова е како подарок за Русија и Кина“

Трамп стави вето на воениот буџет: „Ова е како подарок за Русија и Кина“

Американскиот претседател Доналд Трамп стави вето на предлог-законот за воениот буџет, кој треба да изнесува 740 милијарди долари.

„За жал, овој предлог-закон за воен буџет не опфаќа значајни безбедносни мерки, како и средства за нашите воени ветерани и нашата воена историја и е во спротивност со напорите на мојата администрација да ја стави Америка на прво место во фокус на системот за национална безбедност и нашите активности во странство. Ова е подарок за Русија и Кина“, напиша Трамп во пораката до американските конгресмени, без да дава повеќе детали, пренесува Си-ен-би-си.

Сега, Конгресот мора повторно да гласа за да се поништи ветото на Трамп.

Пратениците во Претставничкиот дом се на одмор до понеделник, а лидерот на мнозинството во Сенатот, републиканецот Мич Меконел, најави дека сенаторите ќе гласаат следниот вторник со цел да се поништи ветото на претседателот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Поранешниот лидер на Шин Фејн, Гери Адамс, обвинет за нападите на ИРА во 1990-тите во Велика Британија

Халкбанк и американското обвинителство со договор за затворање на долгогодишниот судски спор

СЗО предупредува на влијанието врз здравјето од војната во Иран