Утрински Весник
Свет

Во Црна Гора се укинува полицискиот час за време на празниците

Нова мерка во Црна Гора: самоизолација од 21 ден по контакт со заболен

Министерството за здравство на Црна Гора издаде изменета наредба за укинување на полицискиот час од 22 до 5 часот наутро за време на претстојните божиќни и новогодишни празници.

Со новата наредба на Министерството за здравство, полицискиот час е укинат од 22 часот на 24 декември до 5 часот наутро на 25 декември, од 22 часот на 31 декември до 5 часот наутро на 2 јануари 2021 година и од 22 часот на 5 јануари до 5 часот наутро на 7 јануари.

Забраната за меѓуградски сообраќај за време на викендите останува на сила, од петок во 22 часот до понеделник во 5 часот наутро, се наведува во изменетата наредба на црногорското Министерство за здравство.

Во последните 24 часа во Црна Гора регистрирани се 520 случаи на коронавирус, а двајца пациенти починале. Бројот на моментно активни случаи во Црна Гора е 9.015.

Вкупниот број на смртни случаи поврзани со коронавирус е 630 од почетокот на јуни, а 639 од почетокот на годината.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме