Утрински Весник
Свет

Во Романија избрана новата Влада од десниот центар

Во Романија избрана новата Влада од десниот центар

Романските пратеници ја ратификуваа новата Влада од десниот центар, давајќи му мандат на премиерот Флорин Циту кој ќе се обиде да ја врати довербата во економијата и да започне инвестиции по повеќегодишна политичка нестабилност.

По четири избори во последните две години, владата се соочува со низа предизвици – почеток на вакцинацијата против коронавирус, усвојување на буџетот за следната година, реформи за придвужување на економијата.

„Ајде да се фатиме за работа“, рече пред пратениците Циту, 48-годишен економист со докторат во САД.

За кабинетот на Владата со 21 член гласаа 260 пратеници, а потребни беа 228.

Либералите и нивните сојузници имаат 244 места од вкупно 465 во двата дома на парламентот. Тие исто така имаат поддршка од 18 малцински претставници.

Опозициските социјалдемократи победија на изборите пред три недели со тесно мнозинство, но немаа сојузници со кои би коалицирале, па мораа да ја предадат власта на партиите од десниот центар.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Писториус: Европа се соочува со долгорочна руска закана

Пет ракети истрелани од Либан врз Израел

Трамп именуваше голем број нови кандидати за клучни позиции во неговиот кабинет