Утрински Весник
Економија

(Видео) Бочварски: Во услови на пандемија проектите ги реализираме со зголемен интензитет

(Видео) Бочварски: Во услови на пандемија проектите ги реализираме со зголемен интензитет

Проектите што ги реализираме не само што не се забавени, туку во овие стотина дена од новата Влада, добија на поголем интензитет, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на денешната прес-конференција на која информираше за реализираните активности на министерството во првите 100 дена.

Показател за тоа, како што рече тој е движењето на градежниот сектор кој во третиот квартал оствари раст од 3,4 процентни поени како и фактот што во градежните компании нема отпуштање на вработени.

„ Завршивме со изградба на првиот дел од експресниот пат Штип-Кочани, односно ја пуштивме во употреба делницата Штип-Крупиште. Интензивно продолживме со изградба на експресниот пат Штип-Радовиш и експресниот пат Ранковце-Крива Паланка. На вчерашната седница на Влада донесовме одлука на Влада за преземање на градежните активности од нов изведувач на експресниот пат од Градско до Прилеп, односно делница Градско–Дреново. Тоа значи дека сега имаме чист терен за работа и активно продолжуваме со изградба на оваа значајна патна врска кон Пелагонија.

Понатаму, ги завршивме сите нови проекти што беа пропуштени при изградба на автопатот Кичево-Охрид и сега имаме забрзана динамика на изградба. Уште еден значаен проект кој го работи Министерството за транспорт и врски е проектот за изградба и санација на локални патишта вреден 70 милиони евра. Деновиве ќе потпишеме договор со изведувач и отпочнуваме со реконструкција на 27 патишта во 13 општини” изјави Бочварски.

Во делот на железничкиот сообраќај министерот истакна дека е завршена изградбата на пругата Битола – Кременица, а министерството е во фаза на издавање на употребна дозвола за користење на пругата. Тој се осврна и на проектите во комуналната инфраструктура каде активно се работи на преку 20 проекти за изградба и реконструкција на канализациона и водоводна мрежа, на отпочнување на изработка на нов Закон за градење како и договор за изработка на ГУП за Град Скопје.

„ Во насока на обезбедување на дом за ранливи категории граѓани, преку АД за стопанисување со станбен и деловен простор, започнавме со изградба на две нови социјални згради во Демир Капија со 16 станови и Гевгелија со 52 станови. Набрзо очекуваме започнување на нова зграда и во Велес со 29 станови. Во овој момент се градат вкупно 576 социјални станови”, потенцираше министерот Бочварски.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена

Годишен раст на зелените кредити од 7,4 % заклучно со септември 2024 година

Конференција „Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Северна Македонија“