Утрински Весник
Свет

Брнабиќ и Кисиќ-Тепавчевиќ меѓу првите што ќе се вакцинираат против коронавирус во Србија

Брнабиќ и Кисиќ-Тепавчевиќ меѓу првите што ќе се вакцинираат против коронавирус во Србија

Првите граѓани на Србија ќе ја примат вакцината на „Фајзер“ утре во 11 часот, пишуваат медиумите. Првите дози ќе ги примат корисниците на домови за стари лица во Белград и Нови Сад.

Во Србија меѓу првите што ќе ја примат вакцината на „Фајзер“ се владини претставници.

„Блиц“ пренесува дека утре во институтот „Торлак“ против коронавирус ќе се вакцинираат премиерката на Србија Ана Брнабиќ и министерката за труд, вработување, ветерани и социјални работи, д-р Дарија Кисиќ-Тепавчевиќ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Американците изгубија речиси три милијарди долари во опрема во војната во Иран

Преживеани жртви на Епстин ги тужат Министерството за правда на САД и Гугл

Путин не ја исклучува можноста за зближување со Европа