Утрински Весник
Свет

СЗО: Нов рекорд, за една недела заболени 4,6 милиони луѓе во светот

Повеќе од девет милиони луѓе во светот оздравеле од коронавирус

Повеќе од 4,6 милиони нови случаи на коронавирус се потврдени во светот минатата недела, што е највисок број од почетокот на пандемијата, објави Светската здравствена организација (СЗО).

Според СЗО, од 14 до 20 декември во светот биле регистрирани 4.612.790 новозаболени со коронавирус, а како резултат на вирусот починале 79.001 лице.

Повеќето од новозаразените се регистрирани во Северна и Јужна Америка, повеќе од 2,3 милиони.

Во исто време, Европа имаше најголем број на смртни случаи минатата недела – повеќе од 36.000.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија тврди дека нејзините сили зазеле уште две села во источна Украина

Двајца рудари загинаа по уривање на тунел во шпански рудник

Канада: Неколкумина повредени откако гризли мечка нападна деца од основно училиште