Утрински Весник
Свет

Падна израелската влада

Падна израелската влада

Владата на Бенјамин Нетанјаху падна на полноќ по локално време, пренесува Си-ен-ен. Израелскиот парламент беше распуштен откако не успеа да го донесе буџетот и да избегне нови избори.

Израелските пратеници имаа рок до полноќ да го усвојат буџетот и да избегнат распишување нови избори, но компромисот беше одбиен и Кнесетот автоматски се распушти точно на полноќ. Ова ќе бидат четврти парламентарни избори во последните две години.

Изборите треба да се одржат во рок од 90 дена по распуштањето на парламентот и овој пат ќе се одржат во услови на епидемија на коронавируси голема економска рецесија, бидејќи на премиерот Бенјамин Нетанјаху му се суди за голем број обвиненија за корупција.

Нетанјаху денес изјави дека ги очекува изборите на 23 март и дека неговиот Ликуд ќе победи убедливо.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Песков: Кремљ се согласува со Трамп дека Зеленски го забавува мировниот процес во Украина

Трамп се закани дека ќе го употреби Законот за бунт поради протестите во Минесота

Деактивирани се пет милиони профили на малолетници на социјални мрежи во Австралија