Утрински Весник
Магазин

Том Хенкс јавно би ја примил вакцината за коронавирус за да покаже дека е безбедна

Том Хенкс јавно би ја примил вакцината за коронавирус за да покаже дека е безбедна

На Том Хенкс му беше дијагностициран коронавирусот додека беше во Австралија на почетокот на оваа година, а 64-годишниот актер е отворен за јавно вакцинирање со цел да ги отфрли сите сомнежи.

На прашањето дали би бил подготвен да го документира искуството со вакцината, Том во емисијата „Тудеј“ рече: „О, да, сигурно“.

Том и неговата сопруга Рита Вилсон открија дека биле позитивни на тестот за вирусот во март. Иако имаа тешки денови додека се бореа со инфекцијата, фокусот на Том беше секогаш да се осигура дека тој нема да му ја пренесе на некој друг.

„Мислам дека тоа беше многу поважно, бидејќи втората половина од формулата на Ковид-19 е да не му го пренесеме на никого,“ рече тој.

„Самоизолација, и носење маски, не само за да не се инфицираме ние , туку и да не го пренесеме на некого.“

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Кинопремиери на српскиот документарец „Југото оди во Америка“

Во Кина изграден лифт на отворено, висок 288 метри, што ќе им помогне на децата побрзо да стигнат на училиште

Џорџ Клуни доби „Златен лав” за животно дело во Венеција