Утрински Весник
Спорт

Конечно, рутинска победа за Барса кај Валјадолид

Конечно, рутинска победа за Барса кај Валјадолид

Барселона стигна до убедлива 3:0 победа на гостувањето кај Валјадолид за да се искачи на петото место во Ла лига.

Исходот на мечот беше очигледен по 15 минути во првото полувреме – Клемен Ленгле постигна гол во 21. минута по асистенција на Лео Меси, пред Мартин Брејтвајт да зголеми на 2:0 во 35. минута. До крајот на мечот, Лео Меси во 65. минута стави печат на победата.

Барса сега има 24 поени на петтото место на табелата, осум помалку од лидерот Атлетико Мадрид, додека Валјадолид остануваат во зоната за испаѓање на 18-тото место со 14 поени.

> Конечно, рутинска победа за Барса кај Валјадолид <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Франција или Шпанија – кој прв ќе стигне до финалето на Светското првенство

Ѓорческа напредуваше 14. позиции на ВТА рангирањето

Полицијата во Атланта се подготвува за можни инциденти пред полуфиналето Англија – Аргентина