Утрински Весник
Македонија

Бремена жена од Куманово го тужеше работодавачот за незаконски отказ и го доби случајот

СЗО: Коронавирусот не се пренесува преку мајчиното млеко
Dik 300x250 mk

Бремена жена од Куманово поднесе тужба против работодавачот затоа што ја отпуштил за време на корона-кризата. Судот утврди дека таа незаконски била отпуштена, соопшти „Гласен текстилец“. Од таму велат дека ова е првата кривична пресуда за кршење на работнички права за време на корона – кризата.

„За време на оваа здравствено – економска криза, каде што многу работници останаа без работа, со незаконски откази, добивме позитивна вест. ‘Гласен Текстилец’ го следеше судскиот случај, на една работничка од Куманово, којашто беше бремена и ги користеше времените мерки донесени од Владата, со коишто бремените беа ослободени од работа. Работодавачот ѝ даде незаконски отказ, поради кршење на ред и дисциплина. Оваа работничка собра храброст и го тужеше работодавачот, со тужба поради работен спор и приватна кривична тужба и ја доби оваа битка, со што судот го усвои тужбеното барање, го утврди незаконитото постапување, со кои се повредени работничките права. Судот го поништи решението за откажување на договорот за вработување, како незаконито“, се наведува во соопштението.

„Гласен текстилец“ ја бјави пресудата на „Фејсбук“ со цел, како што велат, да ги охрабрат сите доколку им се повредени работничките права, да бидат одлучни и упорни во нивното остварување.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хаќим Рамадани по поразот во Брвеница бара работа само во приватни компании

Велосипедистот кој беше усмртен денеска во Скопје е познат директор

Турција и Балканот: стабилност, а не закана