Утрински Весник
Македонија

Примарната здравствена заштита ќе се унапредува преку обуки за медициските сестри

Скопје е новото жариште на Ковид -19 во Македонија

Поддржани од Работната група за унапредување на сестринската дејност, Министерството за здравство и Светската здравствена организација ја изготвија обуката за медицински сестри од примарната здравствена заштита (ПЗЗ), како одговор на новиот модел на примарна здравствена заштита, промовиран во земјата во почетокот на 2019 година, соопшти Министерството за здравство.

„Целта на програмата за професионален развој е да се развиjат знаењето и вештините на медицинските сестри и акушерките од примарната здравствена заштита за да можат да придонесат на најделотворен можен начин кон спроведување на новиот модел на примарна здравствена заштита во Северна Македонија“ велат од ресорното министерство, од каде што додаваат дека краткорочните цели на програмата се да се подигне нивото на знаење и практични вештини на учесниците и да се придонесе кон нивниот континуиран професионален развој.

Обуките ќе ги водат медицинските сестри Миреја Санчез и Рос Брајар. Санчез е регистрирана медицинска сестра во Шпанија, со работно искуство во различни здравствени средини и во наставната дејност, додека пак Брајар е регистрирана медицинска сестра во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и нејзиното искуство е главно во патронажната и наставната дејност.

Двата модули работилници траат до 30 декември, а останатите модули ќе продолжат во 2021 година.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

ДКСК и Обвинителството: Нема злоупотреби при организацијата на ОБСЕ во Скопје

Поповолни услови за кредит за оние кои првпат купуваат стан за живеење, Народната банка наскоро ќе ги објави мерките

Петмина од повредените во кочанската дискотека се уште се на болничко лекување, двајца во Турција, тројца во државата