Утрински Весник
Македонија

Радев: Патот кон ЕУ води преку Софија

Радев: Патот кон ЕУ води преку Софија

„Ние мора да бидеме обединети за нашите браќа од Северна Македонија да разберат дека нивниот пат не минува низ обиколки низ европските метрополи за да лобираат за притисок врз Бугарија, туку преку Софија“,порача бугарскиот претседател Румен Радев во програмата на „Дарик радио“.

„Знаете дека го потпишавме нашиот Договор за добрососедство и соработка на 1 август 2017 година, кој од наша страна блеска со добронамерна наивност, бидејќи не ја исполни реципрочната добра волја. Имав критики за овој договор. Велам – ние сме две земји, ние сме браќа. Договорот беше добронамерен. Кога стана јасно дека не се почитува, во 2018 година реков дека е потребен нов анекс“, изјави шефот на државата.Тој им оддава почит на сите бугарски дипломати кои работеле на националната рамковна позиција.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ако живеете во поплавено подрачје превријте ја водата за пиење 10 минути, фрлете ја храната што дошла во допир со поплавата – ИЈЗ со препораки до граѓаните

Ограбена сендвичара на Бит Пазар – украдени пари од касата

Утре во храмот ,,Света Недела” во Битола – Пречек на моштите на Светата великомаченичка Недела