Утрински Весник
Македонија

АХВ со совети до граѓаните: Ако ве касне куче или маче, веднаш јавете се на лекар

АХВ со совети до граѓаните: Ако ве касне куче или маче, веднаш јавете се на лекар

Доколку граѓанин го касне или изгребе куче или мачка, веднаш треба да се јави во најблиската здравствена установа за лекување на повредите, апелира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Ако, пак, животното е со познат сопственик, веднаш треба да пријави телефонски до надлежниот официјален ветеринар од општината каде се случило каснувањето.

На интернет страната на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) www.fva.gov.mk, објавена е листата на официјални ветеринари и општините кои се надлежни да постапат во ваков случај.

Пријава за каснувањето/гребењето, може да се поднесе и преку архивата на подрачната единица на АХВ, преку архивата на дирекцијата на Агенцијата за храна и ветеринарство (ул. „Трета Македонска Бригада“ бр. 20, Скопје) или на службената електронска адреса на Агенцијата ([email protected]). Исто така, пријава може да се поднесе и преку најблиска ветеринарна амбуланта – клиника или полициска станица.

Во прилог на пријавата, граѓанинот потребно е да ги достави личните податоци за контакт, соодветна медицинска документација која ја добил од здравствената установа во која се јавил за лекување на повредите настанати од каснувањето или гребење од куче или мачка, локацијата каде се случил настанот и детален опис на животното од кое каснат. Во спротивно, пријавата ќе биде отфрлена како неоснована.

По добивање на пријавата, надлежниот инспектор – официјален ветеринар дава налог кучето или мачката да се стави под официјален надзор (набљудување -опсервација од страна на доктор по ветеринарна медицина 15 дена со 3 клинички прегледи), а по завршување на опсервацијата се издава Сертификат за надзор на беснило со кој се потврдува здравствениот статус на животното.

Доколку се работи за каснување од бездомно куче или мачка, оштетеното лице случајот треба да го пријави во Секторот за инспекциски работи во локалната самоуправа, покрај горенаведената процедура за пријавување, граѓанинот може да пријави и до надлежното прифатилиште за општината.

Прифатилиштето, по службена должност го известува надлежниот официјален ветеринар дека има пријава за каснување од куче или мачка.

Во прилог на пријавата граѓанинот потребно е да ги достави личните податоци за контакт, соодветна медицинска документација која ја добил од здравствената установа во која се јавил за лекување на повредите настанати од каснување или гребење од куче или мачка, локацијата каде се случил настанот, детален опис на животнотото од кое е каснат. Многу е важно при поднесување на пријавата колку е можно попрецизно да се опише животното (најдобро е да се достави и слика од животното), како и прецизна локацијата на настанот за да може тоа што е можно побрзо да се пронајде и залови. Заловувањето го врши надлежното прифатилиште за општината каде се случил настанот.

На интернет страната на Агенцијата објавен е и список на одобрени прифатилишта од АХВ и општини за кои се овластени да вршат активности за контрола на кучиња.

По заловување на животното, прифатилиштето е должно да го информира надлежниот инспектор – официјален ветеринар, кој дава налог кучето или мачката да се стави под официјален надзор (набљудување-опсервација од страна на доктор по ветеринарна медицина 15 дена со 3 клинички прегледи), а по завршување на опсервацијата докторот по ветеринарна медицина издава Сертификат за надзор на беснило со кој се потврдува здравствениот статус на животното во однос на оваа болест.

Доколку животното е обележано со ушна маркица или микрочип, може да се утврди дали истото е вакцинирано редовно против болеста беснило или не. Доколку е редовно вакцинирано, докторот по ветеринарна медицина од прифатилиштето дава потврда дека кучето или мачката е вакцинирано против беснило, а постапката за набљудување продолжува во прифатилиштето.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Дурмиши: Пониски цени на над 600 производи за Нова Година

Одбележан Денот на МАНУ – 24info.mk

Чупеска: Очајната пракса на ВМРО-ДПМНЕ за извртување на вистината нема да ме демотивира да се борам против дезинформациите