Утрински Весник
Свет

Гутереш: Вакцините мора да станат јавно добро, достапни за секого и насекаде

Гутереш: Вакцините мора да станат јавно добро, достапни за секого и насекаде
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, истакна дека, иако богатите нации ги вакцинираат граѓаните против коронавирусот, светот исто така мора да обезбеди вакцината да биде достапна за сите, насекаде, пренесува АП.

Во обраќањето до Бундестагот, Гутереш ги пофали научниците од германската компанија „Бајонтек“, кои се здружија со американскиот „Фајзер“ и ја развија првата темелно тестирана вакцина против Ковид-19.

Тој рече дека Германија треба да биде многу горда на сите достигнувања и ја пофали германската канцеларка Ангела Меркел, за нејзиното стабилно, мудро и сочувствително лидерство, кое и помогна на земјата за време на пандемијата.

„Нашата задача сега е да обезбедиме вакцините да станат јавно добро, достапни за секого и насекаде“, истакна Гутереш.

Тој истакна дека ООН се посветени на обезбедување проверени научни информации и совети на луѓето за да помогнат во градењето доверба во вакцината и во борбата против дезинформациите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мјанмар ги одржува првите парламентарни избори по воениот удар во 2021 година

Велика Британија постигна договор со Ангола и Намибија за враќање на мигранти

Повеќе од 2.000 летови во САД денеска се одложени поради снежната бура