Утрински Весник
Свет

Кина ќе вакцинира 50 милиони луѓе до 11 февруари

Кина ќе вакцинира 50 милиони луѓе до 11 февруари

Кина ќе вакцинира 50 милиони луѓе против коронавирус пред почетокот на сезоната на патувања на почетокот на 2021 година поради Пролетниот фестивал, односно празникот кој ја слави Нова година според традиционалниот кинески календар.

Ова го објави СЦМП, наведувајќи дека се одржал онлајн состанок на официјални лица од Центрите за контрола и превенција на болести низ цела Кина, за да се подготват за масовна вакцинација на најприоритетните групи на население.

Според здравствениот експерт, кој не сакаше да биде назначен бидејќи владата не ги соопшти деталите за состанокот, Пекинг планира да дистрибуира 100 милиони дози вакцини, а се пресметуваат две дози по лице, произведени од кинеските компании „Синофарм“ и „Синовак“.

На официјалните лица им беше кажано дека вакцинацијата со првите 50 милиони дози мора да заврши до 15 јануари, а втората до 5 февруари, според СЦМП.

Целта на кампањата за масовна вакцинација е да се намали ризикот од ширење на вирусот Ковид-19 за време на еднонеделниот одмор, кој започнува на 11 февруари.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Цените на европскиот гас нагло пораснаа на највисоко ниво од 2022 година

Калас: Русија сакаше да ја исплаши Европа со нападот на возот во близина на полската граница

Израелскиот министер за култура се закани дека ќе им го одземе државјанството на режисерите на филмот „НАЗА“ за Газа