Утрински Весник
Свет

Орбан: Вакцинација во Унгарија на крајот на декември

Орбан: Вакцинација во Унгарија на крајот на декември

Унгарија ќе започне со вакцинирање на населението од коронавирус на 27 или 28 декември, изјави премиерот Виктор Орбан. Првите дози на вакцини ќе бидат доволни за вакцинирање на 35.000 луѓе, рече тој за Радио Кошут, додавајќи дека здравствените работници ќе имаат предност.

Орбан рече дека владата ќе донесе одлука за посебни правила за Божиќ и дека тој ќе ги поздрави доколку кспертите дозволат ублажување на ограничувањата по тој повод.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Што ги поврзува поразите на Орбан, Вучиќ и Трамп?

ЕУ ги повика граѓаните да се подготват за криза: Направете резерви од храна, вода и торба за итни случаи

Деца во Германија, Австрија и Унгарија добиле слатки со игли и шајки