Утрински Весник
Свет

(Видео) Медицинска сестра се онесвести откако прими вакцина на Фајзер

(Видео) Медицинска сестра се онесвести откако прими вакцина на Фајзер
Dik 300x250 mk

Медицинска сестра од Тенеси се онесвестила на прес-конференција откако примила вакцина против коронавирус што ја разви компанијата „Фајзер“.

Тифани Довер зборуваше за медиумите за првата вакцинација на здравствените работници кои се во првите редови во борбата против Ковид-19, кога се онесвести, пренесува „Вашингтон тајмс“. Снимката брзо се прошири на социјалните мрежи.

Таа ја прими вакцината на Фајзер против коронавирусот, а околу 17 минути подоцна почна да и се врти во главата, се извини на новинарите и падна пред лекарите зад неа да успеат да ја фатат.

„Ме погоди одеднаш, чувствував како доаѓа. Се чувствував малку дезориентирано, но сега се чувствувам добро и болката во раката веќе ја нема“, изјави Довер.

Наскоро закрепна и повторно зборуваше за медиумите велејќи дека честопати ја губи свеста кога чувствува болка.

„Нормално е за мене“, додаде Довер.

Лекарите од Меморијалната болница CHI рекоа дека оваа епизода на губење на свеста не е поврзана со вакцината на Фајзер.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп го помилува основачот на најголемата светска криптоберза „Бинанс“

Орбан: Мировниот самит во Будимпешта меѓу Путин и Трамп е сè уште на агендата

Најмалку четири лица загинаа во експлозија во Украина